Radio MX

MX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево. Уште од првото вклучување и испраќање на првиот сигнал во далечната 1997 година, како аматерска радио станица, стремежот беше да се постигне нешто до перфекција. Започнавме со опрема која не задоволуваше ниту 1% од тоа што требаше да биде. Но со добивањето на концесија, односно дозвола за работа, тоа го свативме дека една права радио станица треба да изгледа баш како нашата. Сега МХ - Радио прерасна во професионална радио станица со професионалци и професионална опрема. Кога спомнуваме професионална опрема подразбираме опрема како што е R.V.R., DB Electronica, SONY, VISION, D&R, TASKAM и многу други познати светски брендови. Сите овие фирми се застапени во предавателниот и во техничкиот дел на оваа радиостаница. Можеме да се пофалиме со најголема слушаност во овој регион. Приоритет на нашата радио станица е да шириме култура, едукација и забава. Со успешната работа стигнати сме до ова ниво на развиеност, без никакви донации на невладини или владини организации и сл. Тоа покажува дека сме либерална и непартиски обоена радио станица.