Radio Kanal 77

Radio Kanal 77
Country: Macedonia
Playing:

Канал 77 почна со емитување на програмата на 4 октомври 1991 во Штип, по неколкумесечна експериментална работа. Во 1996, радиото почна да емитува програма на национално ниво, за што концесијата ја доби во 1997 година и стана првото приватно радио во Македонија со информативна програма на државно ниво. Покрај студиото во Штип, Канал 77 отвори две придружни студија со седиште во Скопје и Битола, кои преку најсовремена технологија емитуваат заедничка програма од трите студија. Програмата на Канал 77 е достапна до сите делови на Македонија благодарение на сопствената репетиторска мрежа од 27 предаватели. Канал 77 е првата радио станица што воведе софистицирана и современа технологија која вклучува РДС (радио дата систем), автоматски софтвер и 3-Д стерео. Како радио се насочивме на категорија слушатели од 20 до 45-годишна возраст, и тоа исклучиво на високообразовани луѓе. Решивме да останеме цврсто на тој формат и да се фокусираме само на таа популација. Музички веќе се дефиниравме за возрасна современа музика, со помал број хитови, а со повеќе стара музика. За разлика од порано, кога лутавме музички, сега не работиме така, туку им го препуштаме тоа на другите радиостаници.