Ekspres Radio

Ekspres Radio
Country: Macedonia
Playing:

Екипата на Експрес радио е професионална и секогаш водечка цел на вработените во Експрес радио е дека слушателот и деловниот партнер секогаш се во право и секогаш се исполнуваат нивните барања. За музиката што се емитува на нашата програма се внимава таа да биде квалитетна. На Експрес радио се емитуваат хитови од забавна македонска и од екс југословенските простори. Секој работен ден од 07 до 10 часот се емитува утринска програма која претставува еден вид на градски информатор и слушателите се запознаваат со се она што се случувало и ќе се случува во градот. Во периодот од 10 до 15 часот секојдневно од студиото на Експрес радио се реализира отворената програма во која се третираат теми од областа на музиката, спортот, филмот, медицината, занимливости како и голем број на теми од секојдневието на нашите граѓани. Во состав на отворената програма се и Минутите за спорт на радио кој се емитуваат во 11:30. Во нашата програмска шема влегуваат и вестите што се преземаат од Македонското Радио во: 08, 10, 12 и 14 часот.